Чиа пудинк направен само од три состојки, преполн со вашите омилени овошја
Сè што ви треба се три состојки за класичната мешавина: семе од чиа, бадемово млеко и сируп од јавор (или засладувач по избор).
Во сад ставете ги семињата од чиа и бадемово млеко и промешајте со вилушка, потоа додајте засладувач по избор.
Кога семињата чиа се додаваат во течност, тие се шират и имаат желатинва – текстурата, сепак на семето чиа му треба време да ги апсорбира.

Најмалку 10 минути е потребно да отстои или да го оставите по можност во фрижидер преку целата ноќ.
Во садот од веќе готовиот лесен пудинг чиа додадете свежи овошија по желба но најдобро е овошијата да бидат зрели и сезонски.
За една порција, до совршен сооднос потребно е: 2 лажици чиа семе (25гр) до 1 чаша (240мл) млеко од бадем.
Чиа пудингот може да го задржите во фрижидер и до 5 дена и да го ставите во тегла за да го понесето со вас во секој момент и никогаш нема да останете гладни а ќе имате здрав оброк.
