Со години јајцата беа критикувани за висок холестерол и авокадото за маснотии, но сепак тие се две состојки кои имаат неверојатни здравствени придобивки и треба да бидат вклучени во вашиот живот како здрава придобивка за вашиот организам.

ЈАЈЦА
Јајцата содржат различни супстанции кои промовираат добро здравје, хранлива материја која е клучна за функционирањето на мозокот.
Јајцата се незаменлив извор на протеини, а содржат и витамини и минерали. Достапни се за сите преку целата година, тие се толку лесни за приготвување а во исто време толку вкусни и корисни.
Јајцата се богати со фолат, рибофлавин, селен, Б12 и холин- Холинот има силна улога во развојот на мозокот и неговото функционирање. Тој е особено важен за бремените жени затоа што е потребен за развиток на мозокот на фетусот. Две големи јајца содржат 252 милиграма холин, тоа е речиси половината од дневните потреби.
АВОКАДО
Авокадото пак, е богато со мононезаситени масти и има висока калорична вредност. Од друга страна, многу е богато и со растителни влакна, витамини, минерали и преполно со разни растителни хранливи материи кои се благопријатни за здравјето.
Авокадото исто така му помагаат на организмот да ги апсорбира фитохемикалиите од друга храна.
Ова е совршен оброк за појадок, ручек, вечера или ужинка.
Подготовка:
1 јајце, испржено во тава
¼ авокадо
1 парче интегрален леп со семиња
Загрејте ја тавата на средна топлина, додадете малку масло во тава па додадете го јајцето и зачинете со сол и бибер и пржете.
Во мал сад згмечете го авокадото со вилушка и зачинете со сол и бибер и префрлете го на интегралното лепче и додадете го прженото јајце.
Можеби овој тост со пржено јајце и авокадо не е премногу здрав но е превкусен.