Тиквата била еден од поважните производи во традиционалната домашна кујна, но за жал денес тиквата се помалку се наоѓа на нашите домашни трпези.
Тиквата е богата со железо, бакар, флуор, содржи калциум, манган, цинк, соджи многу витамин Ц и Е, по содржината на каротин побогата е дури и од морковот, освен ова тивката е богата и со прехрабените влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот.

Денес направете мафини од тиква за вашата фамилија
-1,5 шоља брашно
-5 големи лажици шеќер или мед
-1 прашок за пециво
-1 лажичка цимет
-пола шоља млеко или јогурт
– тиква која претходно е динстана на пареа
-1/4 шоља маслиново масло
Измешајте ги сите состојќи и по желба стевете ги во калапи за мафини, претходно премачкани со путер и печете ги мафините околу 20 мин. на 250°C.